Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Под насловот „Премостување на јазот – влез во новата дигитална ера“, присутните на Конференцијата добија можност да дознаат повеќе за современите предизвици во телекомуникацискиот свет и безбедното навигирање низ него.

Според однапред предвидената агенда, на конференцијата се одржаа три панели посветени на управување со спектарот и мониторинг, сајбер безбедноста, регулаторните прашања и пристап до широкопојасен интернет, кои се во контекст на најновите инспиративни области во електронските комуникации. Дополнително, беа истакнати и нови анализи и заклучоци за состојбата во полето на телекомуникациите во земјата кои покажуваат интересни трендови.

Постојаните инвестиции на домашните оператори кон подобрување на инфраструктурата и на целосната услуга придонесоа за зацврстување на мрежата и приклучок кон глобалните стандарди и мрежни брзини. Директорот на АЕК, Јетон Акику, напомена дека Македонија поставува пример за прифаќање и успешна имплементација на новите технологии, што го потврдува и фактот дека нашата 5G мрежа е најдобра во регионот и една од најдобрите на континентот.

Мерењата покажаа дека двата најголеми оператори во земјата достигнуваат максимални 5G брзини од 1 гигабит во секунда и просек од 240 мегабити во секунда во градовите и 100 мегабити во секунда на патиштата во нашата земја, што ја рангира нашата национална 5G мрежа пред оние во Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Косово...

Што се однесува до општиот перформанс на мобилната мрежа, мерењата покажаа дека домашните оператори стабилно напредуваат и на ова поле. Анализата на АЕК ја оцени мрежата на Македонски Телеком со вкупно 637,7 индексни поени, што е највисокиот резултат помеѓу операторите во земјата, следен од А1 Македонија со 618,8 индекс поени. Оценувањето се врши според глобално прифатениот стандард Network Performance Score (NPS), која претставува метрика што го мери целокупниот перформанс на мрежата.

Слична ситуација покажуваат и мерењата на перформансот на мобилниот интернет. На патиштата, Македонски Телеком има оцена од 40 наспроти 36 на А1 Македонија, потоа кај малите општини е 100,9 за Македонски Телеком наспроти 92 на А1 Македонија, а кај големите општини мобилниот интернет на Телеком е оценет со 158,7, додека А1 Македонија забележа 142,9 индекс поени.

Минатата година сме имале 1.920.403 активни корисници во мобилна телефонија. Кај интернет услугите има раст, и тоа како на мобилните, така и на вкупните. Вкупниот број на корисници со пристап до интернет (без да се вклучат тие со пристап преку мобилен телефон) е 521.918, или околу 20.000 повеќе отколку во 2022 година. Заедно со пристапот до интернет и преку мобилни телефони, бројката достигнува до 1.489.288. Како и да е, оваа бројка е за седумдесетина илјади поголема отколку во 2022 година. Во пракса, имаме сѐ помасовно користење паметни телефони и телекомуникациски пакети коишто по автоматизам вклучуваат интернет.

реклама

Тмурна атмосфера во седиштето на Камала Харис

Read more

Медведев за победата на Трамп: Тој смртно презира да троши пари на идиотски сојузници, Украина е во иста линија

Read more

Крај на војните, масовни депортации, повеќе царини... Што сè вети Трамп?

Read more

Каде исчезнале Илирите? 5 теории за судбината на овој древен народ

Read more

Бизнис

На Волстрит му одговара победата на Трамп

Read more

Кина ја тужи ЕУ поради царините за електричните автомобили

Read more

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

Read more

Европските инвеститори претпазливи пред изборите во САД

Read more
 

Вести

Германската влада одобри нова форма на воена служба

Читај повеќе

Разочараните демократи го обвинуваат Бајден за тешкиот пораз

Читај повеќе

Обезбедувањето во казино нападнало 77-годишен скопјанец

Читај повеќе

13 тони кокаин шверцуван од Балканскиот картел запленети во Шпанија

Читај повеќе

Трамп се враќа во Белата куќа: Што со кривичните постапки против него?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хезболах лансираше 10 ракети кон Тел Авив: Една ја погоди целта

Читај повеќе

Мицкоски: Платите во основното и во средното образование ќе бидат повисоки од овој месец

Читај повеќе

Казни од камерите на улиците Тошковски очекува в година

Читај повеќе

Крај на војните, масовни депортации, повеќе царини... Што сè вети Трамп?

Читај повеќе