Македонски Телеком со раст и зголемена добивка во првите три месеци од 2021 година

Во првите три месеци од 2021 година Македонски Телеком оствари раст и позитивни резултати, особено во сегментите за интернет и телевизија. Приходите од продажбата се зголемени за 2,6 отсто и изнесуваат 2.686 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 13,1 отсто, во споредба со истиот период претходната година.

Цврста лидерска позиција на ТВ пазарот

Македонски Телеком ја задржува лидерската позиција со 34 отсто удел на ТВ пазарот. Во првите три месеци од 2021 година бројот на корисници е зголемен за 4,3 отсто, со што базата на корисници изнесува 143,3 илјади. Како резултат на овој тренд, зголемени се и приходите од дигитална телевизија за 4,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Продолжува позитивниот тренд во интернет сегментот

Трендот на сè поголема побарувачка на интернет го зголеми бројот на корисници на широкопојасен интернет за 6,4 отсто, со што уделот на пазарот изнесува 50,2 отсто или 193,1 илјада корисници во првите три месеци на 2021 година. Позитивниот тренд влијае и на вкупниот број пристапи на широкопојасен интернет којшто е зголемен за 5 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Континуиран раст на оптичката мрежа

Остануваме посветени на ширењето на оптичката мрежа, којашто е основа на дигиталното општество. Во првите три месеци од 2021 година Македонски Телеком овозможи повеќе од 227 илјади пристапи до оптика што е за 12,9% повеќе споредено со истиот период од претходната година. За да ги задоволиме барањата на корисниците за брза и стабилна мрежа постојано инвестираме во мрежата и досега имаме инсталирано оптичка мрежа во должина од 6.900 километри на територијата на целата држава. Инвестициите во оптичка мрежа којашто овозможува големи брзини и пренос на податоци ќе продолжат да бидат приоритет на нашиот тим и во наредниот период. Остануваме посветени на одржувањето на капацитетот на мрежата и на најбрзиот и најбезбеден интернет пристап за непречена комуникација и поврзување на корисниците.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе