Македонски Телеком со раст во сите сегменти во првите шест месеци од 2019

  • Пораст на бројот на корисниците во секој сегмент на услуги: интернет, IPTV и мобилни услуги 
  • Нето добивката во првите шест месеци е зголемена за 8,3 отсто
  • Зголемување од 9,7 отсто на бројот на домаќинствата кои имаат оптички пристап

Продолжува позитивниот тренд во работењето на Македонски Телеком и во  првите шест месеци од 2019 година. Компанијата во првото полугодие оствари одлични резултати во своето работење: зголемена е профитабилноста, има пораст на бројот на корисниците на широкопојасен интернет, на IPTV и мобилни услуги, a расте и бројот на домаќинствата кои имаат пристап до оптичката мрежа на Телеком.

Приходите од продажба се зголемени за 2,5 отсто и изнесуваат 5.143 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од првите шест месеци од 2019 година е зголемена за 3,8 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката бележи раст од 8,3 отсто.

Пораст на корисниците на широкопојасниот интернет, на IPTV и мобилните услуги, се шири оптичката мрежа до повеќе домаќинства

На крајот од првите шест месеци од 2019 година има зголемување на корисниците на широкопојасен интернет за 3,2 отсто, а вкупниот број изнесува 197 илјади корисници.

Македонски Телеком во континуитет остварува одлични резултати и во IPTV сегментот. Продолжува трендот на пораст на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Интернет&ТВ и други ТВ услуги) за 8,3 отсто, што на крајот од првите шест месеци од 2019 година резултира со база од 132 илјади корисници.

Оптичката мрежа постојано се шири како резултат на посветеноста на компанијата да ја обезбеди најнапредната технологија достапна насекаде низ државата. Како резултат на континуираните инвестиции во инфраструктурата, Македонски Телеком овозможи зголемување од 9,7 отсто на домаќинствата покриени со оптика споредено со истиот период изминатата година. На крајот од првите шест месеци од 2019 година, инвестициите придонесоа дури една третина од домаќинствата во Македонија да имаат пристап до оптичката мрежа на Македонски Телеком.

Зголемен уделот и на претплатниците во мобилната мрежа, пораст на приходите од мобилни неговорни услуги

Во првите шест месеци од 2019 година, бројот на претплатниците на мобилна телефонија на Македонски Телеком е зголемен за 2,2 отсто во однос на истиот период од претходната година и изнесува 1,2 милиони корисници. Приходите од мобилни неговорни услуги на крајот од првите шест месеци од 2019 година се зголемени за 12,2 отсто во споредба со претходната година, кои доаѓаат од зголемените приходи од мобилен интернет и поголем GPRS сообраќај како резултат на сѐ поголемото користење на тарифи со мобилен интернет од страна на корисниците.

„И во второто тромесечје од 2019 година продолжуваме со остварување одлични резултати во сите сегменти од нашето работење. Континуирано ја зголемуваме нашата претплатничка база во мобилниот сегмент, а благодарение на квалитетот и атрактивната понуда на ТВ содржини успеавме да ја освоиме лидерската позиција и во овој сегмент на пазарот. Нашите капитални инвестиции во првите шест месеци од оваа година го достигнаа нивото над 767 милиони денари, главно насочени во развој на широкопојасни фиксни и мобилни мрежи од најновата генерација. Покрај тоа, Македонски Телеком посветено работи на развојот на високо софистицирани технолошки решенија за паметни градови, системска интеграција и cloud услуги. Веруваме дека трендот на  дигитализацијата на општеството во наредниот период ќе се засили и во тој процес Македонски Телеком е извонредно стратешки и технолошки позициониран да одговори на идните предизвици“, изјави Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

________________________________________

Ефектите од работењето за првите шест месеци од 2019 година прикажани погоре, заради компаративна анализа со претходната година се дадени без влијанието на Меѓународниот стандард за финансиско известување 16 „Наеми“.

*Промотивен текст

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе