Македонски Телеком за прв пат на пазарот ја претстави еСИМ технологијата

За прв пат на пазарот Македонски Телеком воведува еСИМ – вградена електронска картичка, еволуција во СИМ технологијата, којашто во иднина целосно ќе ги замени физичките СИМ картички.

еСИМ е нов начин на поврзување на уредите со мобилната мрежа и за разлика од стандардните СИМ картички, кои треба физички да се постават во уредот, оваа нова технологија користи вграден електронски чип, што овозможува онлајн активирање.

Развојот на еСИМ ќе влијае врз развојот на услуги во доменот на „Интернет на нештата“  и поврзаните уреди, затоа што овозможува тие да работат независно од смартфоните, што до сега не беше возможно. Ова ќе донесе нов начин на комуникација и полесно поврзување со смарт часовници, велосипеди и други IoT уреди.

Освен технолошкиот и иновативниот, особено е важен и еколошкиот аспект, затоа што замената на пластичните картички и пакувања ќе придонесе за зачувување на животната средина.

За да се користи оваа технологија, потребен е уред којшто ја поддржува, а во иднина бројот на вакви уреди ќе расте сè повеќе. еСИМ се активира едноставно, со скенирање QR код, со што еСИМ профилот се презема преку интернет, криптиран, за да се обезбеди највисоко ниво на сигурност. Сите постпејд корисници на мобилната мрежа на Телеком кои имаат уред што поддржува eСИМ може да ја користат новата електронска картичка.

еСИМ е чекор напред кон целосна дигитализација и поврзување на уредите, но и еколошка иновација и се очекува во наредните години да стане глобален тренд во понудата на паметни уреди.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе