Македонскиот филм „Бизнисот на задоволството“ ќе игра во кината низ цела Македонија

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, од четврток, 19 септември, почнува да се прикажува во киносалите во Македонија.

Македонската кинопремиера ќе биде во „Синеплекс“ по што филмот ќе стане дел од редовниот репертоар за скопската публика. Од следната недела ќе се прикажува и во киното „Киноверзум“ во Кисела Вода.

На 19 септември проекции ќе има и во домовите на културата во Пробиштип, Богданци и во Свети Николе, како и во киното „Мис Стон“ во Прилеп. В сабота, 21.9., ќе стигне и во Домот на културата во Кочани, во присуство на дел од екипата, а на 22, в недела, ќе биде прикажан во „Киноверзум“ во Штип и во Велес.

Термините за другите градови ќе бидат дополнително објавени и можете да ги следите на Facebook страницата на „Бизнисот на задоволството“.

Филмот во својата меѓународна фестивалска година заобиколи пет континенти, се закити со 32 селекции и доби 10 награди, од кои пет за најдобар филм.

Трилерот на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Филм & ТВ

Дали третата сезона на And Just Like That... ќе ја донесе возбудата што ја чекавме?

Read more

Филмот сепак нема да биде крај на Peaky Blinders: Серијата ќе добие седма сезона

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Дали третата сезона на And Just Like That... ќе ја донесе возбудата што ја чекавме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот сепак нема да биде крај на Peaky Blinders: Серијата ќе добие седма сезона

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Читај повеќе
  • filter

Заврши 30. Моден викенд Скопје: Бастион на новите идеи и дом за вљубениците во модата

Читај повеќе
  • play_arrow

Виз Халифа верува дека Земјата е рамна

Читај повеќе
  • filter

Од писта до публика: Како Моден викенд Скопје ја слави индивидуалноста?

Читај повеќе

Јубилејна 30. сезона на FWSK: Скопје знае што е мода

Читај повеќе