Македонскиот филм „Скаут“ на Алекс Цветков е чекор поблиску до селекција за Оскар

Агенцијата за филм денеска соопшти дека краткометражниот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков е селектиран во компетитивната програма на најзначајниот филмски фестивал за краткометражен филм во светот - Л.А. Шортс - што ќе се одржи од 17 до 25 јули во Лос Анџелес, Калифорнија.

„На 23-тото издание на фестивалот Л.А. Шортс во официјалната конкуренција ќе биде прикажан македонскиот филм ‘Скаут’ во режија на Алекс Цветков. Л.А. Шортс е официјален квалификациски настан за награда на кратките филмови на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Најголем дел од филмовите селектирани на овој фествал речиси секоја година се дел од селекцијата во трката за престижниот Оскар. Вкупно 54 филмски режисери од селекции на овој фестивал заработиле номинации за Оскар“, стои во објавата на официјалната веб страница на Агенцијата за филм.

 Филмот „Скаут“ на Алекс Цветков е во времетраење од 15 минути и е ултра модерна драма во која централен лик е преофесионалниот тркач со мотори Гус, кој во еден миг воден од преголеми амбиции ќе го загуби тоа што му најмило.

Филмот е снимен во продукција на „Ново македонско видео“, во копродукција со „МФ продукција“ на Игор Нола од Хрватска и Рок Цветков и Вања Сремац од Словенија. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Режијата и сценариото се на Алекс Цветков, а директор на фотографија е Дејан Димевски.

Алекс Цветков е млад режисер кој студира режија на Њујоршката филмска акедемија во Лос Анџелес. Цветков досега режирал повеќе реклами, музички видеа и краткометражни филмови и како сценарист и режисер бил дел од неколку значајни филмски фестивали во Америка.

„Скаут“ беше премиерно прикажан на затворањето на минатогодишното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Меѓународниот филмски фестивал ЛА Шортс е најпрестижниот фестивал за кратки филмови во светот. Фестивалот е акредитиран од Академијата за подвижни слики уметност и науки, Британската академија за филмска и телевизиска уметност и Академијата за канадска кинематографија и телевизија.

Л.А. Шортс е првиот фестивал за филм до 45 минути. Секоја година го посетуваат повеќе од 8.000 луѓе вклучувајќи голем професионалци во индустријата во Холивуд и неоткриени независни филмаџии.

Номинираните за Оскар од 2018 година вклучија 4 филма претходно прикажани на „Л.А. Шортс“. Во номинациите за Оскар од 2017 година се вклучени 3 филма претходно прикажани во ЛА Шортс.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе