Македонскиот кандидат за Оскар е „Сестри“ на Дина Дума

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на Република Северна Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.

Филмот, режисерско деби на Дума, е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.

Како што соопштија од Друштвото на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, составена од  Дејан Димески – кинематографери претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ-Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитори, Дритон Вејсели – актер, а прифатена и одобрена од Американската академија за филм, уметност и наука. 

Македонската фестивалска премиера беше на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Според правилата на Академијата, националниот кандидат за Оскар треба да има кино-премиера во периодот од 1 јануари до 31 декември 2021.

Прелиминарната листа од 15 финалисти за номинација за Оскар ќе биде објавена на 21 декември, од кои на 8 февруари 2022 ќе се изберат 5 номинирани филмови.

94. доделување на Оскарите ќе се одржи на 27 март 2022 година, во Лос Анџелес. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе