Македонскиот новинар за Златна топка на Левандовски не му дал ниту бод

Јавно објавените гласови за Златната топка на France Football покажуваат дека македонскиот новинар на фаворитот Роберт Левандовски не му дал ниту еден единствен бод.

Доделувањето на Златната топка и оваа година донесе скандал откако наместо најдобриот за изминатава година, Роберт Левандовски, наградата ја доби Лионел Меси. Не е прв пат да не победи играч кој најмногу ја заслужил наградата бидејќи вакви скандали се случуваат години наназад со ова награда која година по година го губи својот кредибилитет. А, за тоа виновник е начинот на кој се определува победникот бидејќи право на глас има сѐ и сешто.

Дури и од France Football коментираа дека гласовте се такви и тоа е тоа, не можат да направат ништо. Па, всушност можат - можат во иднина да ги променат луѓето кои гласаат бидејќи очигледно едни гласаат пристрасно, а други како воопшто да не ни пратат фудбал.

Ова што ја потресе фудбалска Македонија викендов беа гласовите на македонскиот новинар. Како France Football определува кој од која земја гласа е апсолутно нејасно бидејќи на толку професинални спортски медиуми како 24фудбал, Екипа, Гол.мк, Спортмедиа, Спорт1, Дриблинг итн, верувале или не претставник на земјава е Вечер Прес преку новинарот Марио Сотировски.

И така, нашиот „експерт“ најмногу гласови му дал на Жоржињо, потоа на Кевин Де Брујне, па на Лео Меси, на Ерлинг Холанд и на крај му дал бод и на Симој Кјер. Да, Роберт Левандовски не му е ниту во петте избраници!

Потоа светот се чуди како Меси победи. Епа поради вакви експерти кои очигледно ги има и во Бутан, Казахстан, Јордан, Лихтенштајн, Киргистан, Гватемала, Кајмански Острови и други за кои Левандовски не бил доволно добар да биде во најдобрите пет.

URL

Организаторот на наградата, France Football, најмногу бодови му дал на, нормално, Левандовски.

Кога почнав да го пишувам коментаров, идејата ми беше да биде навистина коментар, но бидејќи ова е апсолутен фејл и газење на македонското спортско новинарство, морав да го ставам во категоријата #мкфејл бидејќи навистина тоа и е - еден голем фејл.

Надополнето: Главниот уредник на Кајгана, Дарко Лазаревски доби телефонски повик од спомнатиот новинар на Вечер Прес, Марио Сотировски, кој на дрзок, висок, нервозен и заканувачки тон му порача дека ќе го решеле ова преку други канали.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

#мкфејл

Македонските медиуми и споменикот на Волкот во Белград

Read more

Бурек економија

Read more

Шахтите во светот и кај нас

Read more

На Водно на чист воздух...

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе