Македонскиот тим на Светското финале на Red Bull Paper Wings 2019: Неповторливо искуство во Hangar-7

„Како највозбудлив момент од целото ова искуство за мене лично беше првиот момент кога влеговме во Hangar-7. Едноставно самата енергија на целиот настан нѐ „крена” (ни даде крилја хехе). Иако беше рано сабајле самите луѓе кои работеа на настанот целата своја енергија ја пренесуваа и на самите натпреварувачи, со што и возбудата и натпреварувачката атмосфера и желбата да се претставиш во најдобро светло беше на високо ниво“, нагласува Стефан Шевченко, македонскиот финалист во категоријата „Најголема дистанца“.

Светското финале на Red Bull Paper Wings 2019 обедини 176 пилоти од 58 земји на интензивен дводневен настан што се одржа во Hangar-7 во Салцбург.

Финалето беше кулминација на квалификациите во кои учествуваа 52.000 потенцијални шампиони од целиот свет, од кои најдобрите, вклучувајќи ги финалистите од Северна Македонија, се споија во Салцбург. За некои од нив, ова беше прво патување во Австрија, а за други прва посета на Европа.

 Трите категории во кои се натпреваруваа финалистите од целиот свет беа „Најголема дистанца“, „Најдолг лет“ и „Аеробатика“.

„Red Bull Paper Wings беше доста интересно и различно искуство. Самиот момент да си таму и да се натпреваруваш во финалето е незаборавен. Иако станува збор за натпревар во летање на хартиени авиончиња, сериозноста на овој настан е доста голема. Седмо место и не е така лош пласман со оглед на посветеноста и сериозноста на конкуренцијата. Би ги охрабрил сите да се пријават. Ќе доживеат многу нови искуства исполнети со дружба и забава и ќе запознаат нови луѓе од целиот свет“, возбудено се присетува нашиот финалист Алек Петрески кој се натпреваруваше во категоријата „Најдолг лет“.

Возбудата беше на високо ниво за Суперфиналето во „Аеробатика“ во кое пилотите ги лансираа нивните авиони во креативна презентација од 60 секунди.

Победник во оваа категорија беше единствената девојка што се квалификуваше во финалињата во сите категории и наедно единствената девојка која победила во шампионатот Red Bull Paper Wings, Катерина Ахафонова од Украина.

Нејзиниот настап со ритмичка гимнастика беше единствен што доби совршен скор 10 во финалето.

„Сакав да го направам ова, бидејќи сметам дека беше многу добра прилика и уште не ми се верува дека победив. Нема зборови да го опишам ова чувство. Вежбав секој ден и можеби на тоа се должи овој резултат, ама не знам. Ова е остварување на сонот!“, рече Катерина.

„Во тие 30 секунди од мојот живот гледав да го направам најдоброто што можам, дури во мојот настап имаше и непланирана сцена, а тоа е кога авионот кој го направив со помош на тимот @redbullmakedonija од хартија го фрлив во воздух со кинење во време на голема еуфорија... а потоа следеа моите авиони кои беа направени за аеробатика за кои имав доволно време да ги изведам... Чест ми беше што ја претставував Македонија на овој спектакуларен натпревар и настан и од 58 држави успеав да бидам на 14 место... Многу еуфорија, дружење, забава, организација на најголемо ниво, би им дал совет само на останатите на наредните квалификации да се пријават на Red Bull Paper Wings да се потрудат и пак најдобрите тројца ќе ги добијат крилата до најдобриот настан во Hangar-7!“, препорачува Ангел Мијајлевски кој за нашата земја се натпреваруваше во категоријата „Аеробатика“.

Судии на настанот беа B-Boy Wing, пилотот на Red Bull Air Race Мика Брагот и бејс џамп легендата Седрик Думонт.

Конечните резултати од Red Bull Paper Wings World Finals 2019 се:

Најдолг лет: 1. Камерон Кларк, Австралија (13,33 секунди); 2. Винс Шол, Велика Британија (12,25); 3. Марек Ленциус, Естонија (10,59)

Аеробатика: 1. Катерина Ахафонова, Украина (27 поени); 2. Томаж Чодура, Полска (25); 3. Закари Хоровиц, САД и Таичи Дегучи, Јапонија (23)

Најголема дистанца: 1. Џејк Харди, САД (56,61 метри); 2. Лазар Крстиќ, Србија (52,28); 3. Роберт Тершек, Словенија (46,36)

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе