Македонските анонимуси објавија дека ја хакирале веб-страницата на пејачката со албанско потекло Дуа Липа откако таа на социјалните мрежи објави фотографии за Голема Албанија и пораки за Косово.
AnonOpsMKD вчера на Twitter објавија дека го преземале официјалниот сајт на Дуа Липа и напишаа дека го направиле тоа во знак на револт.
Македонските анонимуси исто така ја хакираа и веб-страницата на Рита Ора при што напишаа дека „ја пративме на нива да ора, 2 часа ѝ се доста за почеток“.
„Косово е ставено на сите мапи, но како дел од Србија“, напишаа македонските анонимуси.
Читајте следно: Дуа Липа ја отвори Пандорината кутија за Косово и „Голема Албанија“