Mакедонските атлетичари со импресивни резултати на меѓународни натпреварувања

Македонските атлетичари Дарио Ивановски, Јован Стојоски, Андреас Трајковски и Адријана Поп Арсова, изминатиот викенд забележаа одлични резултати.

Дарио Ивановски на 1. место на подиумот

На Европското првенство за мали земји што се одржа во Малта, Ивановски и Стојоски изборија подиум.

Ивановски настапи на трката на 5.000 метри и патеката ја мина за време 14:08.99 минути, што му донесе убедливо прво место пред Максим Илеану од Молдавија (14:24.72) и Дилон Касар од Малта (14:45.13).

 

Стојоски во трката на 100 метри, го освои второто место со време 10,69 секунди, заостануваше 0,010 зад победникот Колбејн Ходур Гунарсон од Исланд, додека трка на 400 метри ја заврши трет, со време 47,47 секунди, зад победникот Франко Бурај од Албанија (46,48 секунди) и Тео Андант од Монако (46,91 секунди).

Во Копенхаген, Трајковски постави нов македонски рекорд на 100 метри со време од 10 секунди и 50 стотинки, со кое го освои третото место на атлетскиот митинг во данската престолнина. Досегашниот рекорд го држеше Јован Стојоски со време 10,59 секунди.

Андреас Трајковски (трет од лево)

Поп Арсова освои балканска бронза во Карловац, Хрватска. На балканските трки, за првпат оваа сезона се одржуваат трки на 10 километри на пат, а на својот дебитантски настап на ваков натпревар, Македонката дојде до успех. Поп Арсова, членка на АК Делта, се пласираше на третото место и се закити со бронзата на овој собир.

Андријана Поп Арсова на 3. место на подиумот
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе