Македонската репрезентација составена од ракометарки до 18 години со пласман на 12. позиција ги завршија настапите на Светското првенство во Скопје.
Попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ избраничките на селекторот Љубомир Савевски во натпревар за 11. место загубија од врсничките од Хрватска со 32:28.
Емилија Ризоска со 9 и Ива Младеновска со 5 погодоци беа најефикасни во македонскиот состав, каде Марија Јовановска забележа 9 одбрани.
Во победничката репрезентација најефикасна беше Анџела Жагор со 9 голови.
На Мундијалот вечерва на програмата се полуфиналните средби:
Холандија – Данска (18:15 часот)
Јужна Кореја – Унгарија (20:30 часот).