КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА У21 ЕУРО 2021

Македонските надежи го прегазија Казахстан

Филип Здравески
/ 08.10.2020 / 14:55

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година се враќа од Казахстан со голема победа и важни 3 бода во борбата за пласман на ЕУРО 2021.

Победничко славје во Алмати; Фото: ФФМ

Казахстан ни откина планирани 3 бода во Скопје лани во октомври кога одигравме 1:1. Сега, на гостински терен во најголемиот кахастански град Алмати и поранешна престолнина, младите македонски фудбалери се одмаздија и ги освоија трите бода со кои остануваат во борбата за 2. место.

Селекторот Благоја Милевски натпреварот го почна со Ристо Јанков на голот, Филип Антовски, Агрон Руфати (к), Есмин Личина и Тодор Тодороски во одбраната, Јани Атанасов, Давор Здравковски и Ердон Даци во средината, а Дарко Чурлинов, Марко Ѓорѓиевски и Димитар Митровски во офанзивата.

Во 38. минута конечно македонските надежи го скршија казахстанскиот отпор. Чурлинов исфрли двајца противнички играчи и со една бомба од дваесетина местри ја затресе домашната мрежа.

Чурлинов по првиот гол

Само три минути подоцна Македонија го дуплираше водството. Талгат Кусјапов го фаулираше Митровски во казнениот простор и главниот судија покажа на белата точка. Одговорноста ја презема Атанасов, но неговиот удар успешно го прочита и одбрани голманот Мухаммеџан Сеисен. Сепак, на одбиената топка прв налета токму Атанасов кој од втората шанса не промаши и зголеми на 0:2.

Само што почна вториот дел, односно во третата минута по паузата, Атанасов го проигра Чурлинов, а овој по вторпат ја затресе мрежата на Сеисен за веќе навидум сигурно водство од 0:3.

Но, четири минути подоцна Казахстанците успеаја да ја вратат надежта откако Оралхан Омиртајев погоди за 1:3. Малку фалеше Македонија да направи од готово вересија откако во 55. минута домаќинот доби пенал по туркањето на капитенот Руфати врз Омиртајев. За среќа, Јанков го одбрани ударот на Артур Шушеначев, а Омиртајев налета на одбиената топка и ја смести во мрежата, но судијата го поништи голот бидејќи Казахстанецот прерано влетал во шестнаесетникот. Омиртајев протестираше, а тоа резултираше во негов втор жолт картон и исклучување.

Во 67. минута Чурлинов му асистираше на Митровски за водство од 1:4 и запечатување на победата. Дека домаќините нема повеќе што да бараат на овој натпревар покажа и директниот црвен картон за Рауан Орјнбасар по несмасниот старт врз Чурлинов по што Казахстан остана со само 9 фудбалери.

Remote video URL

Македонија сега има 13 бодови од 7 натпревари и се зацврсти на 2. место, зад лидерот Шпанија која има 16 од 6 натпревари и која денеска од 18:45 игра на гости со Фарски Острови. Од 18 часот играат уште и Црна Гора - Израел

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе