УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Македонските претставници во Лига Европа ги дознаа противниците

Филип Здравески
/ 10.08.2020 / 13:29

Денеска во Нион тројцата македонски учесници во квалификациите за новата сезона од Лига Европа ги добија своите противници, сите до еден кавказки тимови.

Третопласираната од минатата сезона, тетовска Шкендија, европската авантура ќе ја почне од Азербејџан откако за противник го доби Сумгај'т Ситу од третиот по големина град во таа земја, Сумгај'т.

Четвртопласираната Ренова беше извлечена да игра против ерменски Алашкерт, додека петтопласираниот Шкупи го доби Нефтчи од главниот азербејџански град Баку.

Нефтчи - Шкупи
Алашкерт - Ренова
Сумгај'т Сити - Шкендија

Сите три македонски екипи беа извлечени да играат како гости во државите од Кавказот. Според новите правила, поради пандемијата со коронавирусот, нема да се игра по принципот дома-гости туку еден натпревар на теренот на екипата која ќе биде извлечена прва во жрепката, или на неутрален терен доколку во земјата домаќин ситуацијата со пандемијата е влошена.

Натпреварите ќе се играат на 27 август. Доколку по 90 минути игра резултатот е нерешен, ќе следуваат два пати по 15 минути, а доколку победник сѐ уште нема, тогаш ќе се изведуваат пенали.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе