Македонските ракометарки со пораз од Романија елиминирани од Европското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Романија со 31-23 (13-12) и со три порази во рамки на групата Ц го заврши настапот на Европското првенство.

По воведните два натпревари против Франција и Холандија во кои од самиот почеток беа резултатски инфериорни, избраничките на селекторот Љубомир Савевски влегоа максимално мотивирани во дуелот со Романките и беа рамноправен противник во првото полувреме.

По воведните 15 минути резултатот беше израмнет (7-7), и иако Романија со серија од 3-0 поведе со 11-8, а потоа и 12-9, македонските ракометарки го одиграа најквалитетното полувреме на Европското првенство и на пауза заминаа со гол негатива.

Второто полувреме почна со фантастична одбрана на Јована Мицевска, но, на спротивната страна се разбрани и романскиот голман Дачиана Хосу, која во серија одбрани пет „зицери“, а противникот постепено го зголемуваше водството за високи +5 (22 – 17) на средина од вториот дел.

Романките до крајот на натпреварот рутински ја задржаа предноста и со конечниот триумф го обезбедија третото место во групата Ц и пласман во втората фаза на Европското првенство.

Најефикасни во македонските редови беа Сања Дабевска со седум и Симона Маџовска со шест погодоци.

Пласман во следната фаза од групата на Европското првенство која се игра во Скопје обезбедија и Франција и Холандија, а двете репрезентации вечерва во директен дуел од 20:30 часот ќе играат за првото место.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе