Македонските ракометарки убедливо загубија и од Холандија

Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва во Скопје од Холандија со високи 30:15 (17:9) во рамки на 2. коло во групата Ц на Европското првенство.

Македонските ракометарки во првото полувреме тешко го наоѓаа патот до холандскиот гол, што во комбинација со големиот број технички грешки и нереализирани удари од чисти позиции во нападот резултираше противничките да стекнат висока предност од 8 гола на полувремето (17:9).

Продолжението донесе резултатски израмнета игра до 42 минута кога при резултат 21:14 уследи голем пад во играта на македонските ракометарки, кои беа 16 минути без постигнат гол, а Холандија со серија од 8:0 на крајот дојде до убедлива победа.

Сара Ристовска со 4 голови беше најефикасна во македонските редови, а Јована Мицевска на голот запиша 5 одбрани.

Во првиот натпревар на Европското првенство кое се одржува во Скопје, Подгорица, Цеље и Љубљана, македонската репрезентација загуби од Франција (24:14) и шансите да го продолжи натпреварувањето ќе бара во 3. коло, в среда, против Романија, која вечерва од 20:30 часот игра против Франција.

реклама

Ракомет

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Read more

Крај на сезоната за Марко Митев

Read more

Ракометарите ќе добијат премија од 3 милиони денари за настапот во Хрватска

Read more

РФМ ја исплати ветената премија од 3 милиони денари на ракометарите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе
  • play_arrow

Чудесна победа: Леброн со звукот на сирената го спаси промашувањето на Дончиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ се врати од повредата против Бакс и издоминира со нови рекорди

Читај повеќе

Гледач ја навредуваше Ига Швјонтек на тренинг, тенисерката доби дополнително обезбедување

Читај повеќе