КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЗА ЖЕНИ 2024/2025

Македонските шампионки понижени во женската ЛШ

Филип Здравески
/ 04.09.2024 / 18:03

Шампионот на македонската женска фудбалска лига, тетовски Љуботен, уште во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите доживеа тежок дебакл, губејќи со 10:0 од исландскиот шампион Валур.

Дека Македонките ги чека понижување покажаа воведните неколку минути. Исланѓанките уште во 2. минута го отворија резултатот, а во 5-тата веќе го дуплираа водството. До 20-тата минута Љуботен веќе губеше со убедливи 4:0, а на полувреме замина со петарда во својата мрежа.

Во вториот дел Исланѓанките не застанаа, напротив, со нова петарда се изборија за двоцифрена победа од 10:0 и вистинско понижување за македонските шампионки.

Натпреварот се играше на неутрален терен во Холандија.

Стадион „Спортпарк“ во Енсхеде (Холандија)
Валур - Љуботен 10:0 (5:0)
Стрелци: 2', 63' Јасмин Ингадотир, 5' Рагнхејдур Торун Јонсдотир, 13' Наташа Анаси, 18' Берглинд Агустсдотир, 35' Ана Петурсдотир, 51', 52', 81' Исабела Тригвадотир, 71' Берглинд Торвалдсдотир
За Љуботен настапија: 1. Карен Алехандра Родригес Еспиноса (68' 27. Мила Павловска); 69. Христина Јошевска, 6. Нина Миленковиќ, 5. Александра Јовановска (46' 15. Росана Китановска), 2. Ива Јованоска; 99. Хава Мустафа, 20. Паула Александра Валбуена Новоа, 8. Александра Марковска (к) (63' 7. Данче Карпузовска); 11. Настасја Накова (78' 17. Андреа Коловска), 21. Ингрид Видал (46' 9. Елена Симјонова), 22. Бојана Петкова.
Главен судија: Ловиса Јохансон (Шведска)

Валур сега ќе игра со победникот од дуелот Твенте - Кардиф Сити. За Љуботен не е крај, бидејќи со цел развој на женскиот фудбал УЕФА предвидува дуел на поразените од секој турнир. Македонскиот тим ќе игра на 7 септември против поразениот од истиот дуел, Твенте - Кардиф Сити. Победниците на 11-те турнири ќе одат во 2. коло.

Љуботен веќе трета година по ред е најдобрата екипа во Македонија, во чие првенство често победува со двоцифрен број на голови. Во составот има и странски играчи, и тоа 4 Колумбијки и Србинка.

Денешниот резултат само покажува колку е неквалитетен македонскиот женски фудбал, кога екипата што жари и пали дома е топовско месо на меѓународната сцена.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе