Македонските спасувачи мобилизирани еден час пред Калина и Александар да бидат пронајдени

Дирекцијата за заштита и спасување, иако подготвена, не излезе на терен во потрага по планинарите Александар Миновски и Калина Велевска, кои пред две недели беа исчезнати, а потоа најдени мртви на планината Кајмакчалан.

Двајцата планинари беа пронајдени на македонска територија, од каде што мртвите тела ги извлекоа грчките служби. Од ДЗС велат дека имале информација дека планинарите се на грчка територија, а без службите на соседната држава да побараат помош, македонските спасувачи не можеле да дејствуваат.

– Иако бевме подготвени и комплетирани, не почнавме со претрага и нивно спасување. Причината е што во согласностс со добиената информација двајцата планинари беа од страната на Република Грција, а не од страната на Република Македонија. За ангажирање наши спасувачи на територија на други држави секогаш мора да има официјално барање од државата што бара помош ние да испратиме наши спасувачи – вели Слободан Вуковиќ од Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој вели вели дека тимот на ДЗС бил целосно мобилизиран во 9 часот, а грчкиот извештај за несреќата покажува дека во 10 часот Калина и Александар биле пронајдени мртви. Акцијата не се извршува, никој не дал насока за понатамошна активност.

„На ден 11.2.2018 година (недела) во 3.30 часот добиена е информација од Секторот за внатрешни работи Битола дека во Република Грција при планинарење планинари од Скопје се изгубени, еден маж и една жена. Веднаш беше издадена наредба да се изврши процена, да соберат релевантни податоци, а потоа, доколку е потребно, веднаш да се почне со мобилизација на тимот за брз одговор за заштита и спасување од Битола. По извршената процена, во 4 часот е почната мобилизацијата. Таа заврши во 9 часот кога целокупната опрема беше ставена на располагање за престојната акција што требаше да се изврши и се чекаа насоки за понатамошна активност“, вели Вуковиќ.

Доколку дванаесетте спасувачи по целосната мобилизација во 9 часот беа испратени да го пребаруваат теренот, според сервисот „Гугл мапс“, ќе им требало минимум два часа да стигнат до врвот Кајмакчалан од македонска страна за да ја започнат акцијата. Дирекцијата за заштита и спасување теоретски би пристигнала во 11 часот, време кога, според барањето за обдукција на телата, грчките служби ги извлекувале безживотните тела на Калина и Александар од местото каде што се пронајдени.

Дирекцијата за заштита и спасување нема информации зошто АРМ не е вклучена во оваа активност. Претседателот на Федерацијата на планинарските спортови, Јовица Угриновски, пред два дена изјави дека Калина и Александар можеле да бидат спасени. Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори предмет за расветлување на трагичниот настан на планинскиот врв Кајмакчалан. Тие издале наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ , нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе