Македонските туристички агенции ги откажуваат турите во Италија поради корона вирусот

Епидемијата со корона вирусот Covid-19 се шири низ Европа, а најсериозна е ситуацијата во Италија каде за неколку дена бројот на заразени порасна на 283, а седум лица починаа.

Владата денеска на седница донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, како и да организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје. На граѓаните на земјата им се препорачува не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот.

По ваквиот развој на настаните, туристичките агенции во земјава почнаа со откажување на планираните тури во Италија, како причина наведувајќи го „моралниот аспект“ и „безбедноста на патниците“.

„Будно ја следиме ситуацијата со ширењето на корона вирусот Covid-19 во Италија. Од морален аспект, но и поради загриженост и општа безбедност одлучивме да ги откажеме патувањата за 8 Март во Италија. Безбедноста и здравјето на нашите патници и сограѓани ни е на прво место! Воедно сакаме да ве информираме дека сите кои имаат уплатено аранжман за 8 Март во Италија може да се префрлат на некоја од останатите тури или во спротивно средствата во целост ќе бидат вратени“, гласи соопштението на туристичката агенција „Нехар Травел“ објавено на Facebook.

„Ве известуваме дека сите патувања за 8 Март поради корона вирусот Covid-19 во Италија ќе бидат откажани од наша страна, поради безбедноста на нашите патници која секогаш ни е на прво место. Големиот број на патници кои имаа уплатено за овие дестинации можат да ги добијат во целост сите уплатени средства или пак да се префрлат на некое друго патување за друг термин. Ви благодариме на разбирањето и на довербата“, соопшти туристичката агенција „Фалкон Травел“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе