Red Bull Doodle At

Македонското жири ги виде првите чкртачки трудови

Со првиот настан одржан во Скопје започнаа квалификациите за учество во натпреварувањето на студентите од целиот свет во чкртање познато како Red Bull Doodle Art.

Македонското жири ги виде првите чкртачки трудови

Чкртањето како слобода на изразување, каде што нема правила и ограничувања, претставува заедничка карактеристика на сите студенти кои го откриваат својот внатрешен талент за време на предавањата. Red Bull Doodle Art настојува да обедини преку 50.000 студенти од целиот свет кои преку глобалната платформа ќе успеат да се изборат за учество на финалната манифестација.

Единствената шанса да се претставува Македонија на Глобалниот завршен настан на Red Bull Doodle Art 2017 доаѓа преку учество на локалните натпревари, а во Скопје се организираше првиот настан во локалот „Кантина“. На тој начин на ова невообичаено неделно матине беа добиени првите 20 трудови во опуштена атмосфера со присуство на публика и музика од Dj Ux.

На патот до националното финале кон крајот на април ќе има уште неколку, по што победникот ќе добие виза за настап во возбудливото финале. Предвидено е за време на апликациската фаза од 3 до 16 април на повеќе факултети во Македонија да се отворат неколку уметнички катчиња, a студентите ќе можат да нацртаат цртежи со коишто ќе се пријават на натпреварот. Публиката ќе може да ги види сите чкртаници и да гласа за своите фаворити преку www.redbulldoodleart.com каде што е лоцирана глобалната платформа.

За националниот победник ќе одлучува македонското жири, во кое членуваат Иван Петрушевски, Давид Ристевски - Dreadpen и Д-р Ангелина Поповска. Петрушевски е графички дизајнер и илустратор кој работи во областа на дигиталната уметност од 2003 година, со неколку самостојни и групни изложби зад себе. Препознатлив по сомбре-суканиците, Ристевски е дизајнер што е вработен во маркетинг агенција, но исто така и „зависник“ од чкртањето кој признава дека секогаш носи маркер со себе. Иако нејзината професионална определба како доктор по науки за конзервација и реставрација на икони, на што воедно и работи во Националнциот конзерваториски центар, Ангелина Поповска е наградуван академски сликар со неколку самостојни изложби, чие што поле на интерес е концептуалната уметност со користење модерни техники.

Иако на финалето ќе има само еден учесник од Македонија, Семос Едукација обезбеди дополнителни три награди во вид на ваучери за посетување на обуки за дизајн во нивниот Adobe Authorized Training Centar.

Оваа глобална манифестација по втор пат ќе претставува светски собир на сите национални победници, откако првата глобална галерија беше организирана во Кејптаун, Јужна Африка, во 2014 година, со учество на Матеј Тодоровски, тогашен студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. За оваа година финалето повторно предвидува возбудлива локација, но претхoдно сите учесници ќе добијат соодветен тренинг за креирање завршно уметничко дело со цртање во три димензии (3D), за љубителите на уметноста да можат на крајот да го видат сето тоа преку виртуелната реалност. За глобалниот победник ќе одлучува судиски панел.

Што е чкртаница?

Цртеж без фокус што се црта додека мислите ви се окупирани со други нешта.

Што е Red Bull Doodle Art?

Натпреварување кое се одржува ширум светот меѓу студентите, при што тие ги приложуваат своите чкртаници за оценување по основ на стилот и креативноста. Еден чкртач од секоја земја ќе биде повикан на глобалното финале и ќе се натпреварува против студентите од целиот свет. Победничкото дело од секоја земја ќе биде изложено во Глобалната виртуелна галерија. На изложбата ќе биде прогласен еден меѓународен победник.

Кој ќе биде крунисан како глобален победник во Red Bull Doodle Art 2017?

Ќе дознаеме наскоро!

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе