„Макфест 2022“ ќе има пет водители, а награда ќе биде аплауз од публиката

Вечерва во Штип започнува 37-то издание на реномираниот фестивал на забавна музика ,,Макфест 2022”.

На Макфест годинава нема да се доделуваат награди, наместо да биде од натпреварувачки карактер целта е да излезат квалитетни песни и рефрени кои ќе се паметат.

Со многу новитети, песни во енергичен ритам, наместо препознатливите балади, црвен тепих и ветувања за хитови кои ќе ги донесе манифестацијата, уште една измена е и тоа што ќе има дури пет водители, пренесе Фокус. Маријана Стојановска и Димитар Атанасовски се најавени како главни водители, а презентери ќе бидат Лила Филиповска, Миланка Рашиќ и Јана Бурческа.

Слоганот на годинашното издание е „Бранови на македонската музика“. Оваа година Макфест е финансиран од страна на Општина Штип со 5 милиони денари, а од спонзорите, поддржувачите и пријателите на Фестивалот со еден милион денари.

Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека средствата кои биле понудени од страна на Министерството за култура во износ од 400.000 денари биле одбиени, бидејќи овој фестивал заслужува повеќе.

– Неколкупати досега сме споменале дека со домаќинско работење средства има за сѐ, и за капитални инвестиции, но и за еден сегмент во културата, во спортот. Средствата кои се определени за Макфест се доволни за да се организира овој фестивал на едно ниво на кое поскауваме. „Макфест 2022“ ќе го врати стариот сјај, ќе биде во тек со современите технички достигнувања, а целиот град ќе пулсира во духот на нематеријалното културно наследство“,  вели градоначалникот.

Фестивалот нема да биде од натпреварувачки карактер, туку од ревијален, но затоа е зголемена сумата за откуп на песни.

Ќе слушнеме 24 композиции во изведба на Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Андријана Петрушовска, Дејан Тасев, Викторија Лоба, Мартинијан Кириловски, Андреа Коевска, Виктор Апостоловски и други.

Македонската телевизија ќе врши директен пренос од двете фестивалски вечери.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

МК сцена

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

„Као какао“ на Леб и сол по 35 години повторно на винил

Read more

Трпчески: Најголемата награда е кога ќе ја видите среќата на публиката

Read more

Таксират меѓу најдобрите фестивали во Европа

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе