Маките кои денешните тинејџери тешко можат да ги сфатат

На младите денес сѐ им е на дофат. Со притисок на едно копче им се отвора светот, имаат пристап до сите информации. На претходните генерации не им беше баш сѐ така достапно.

Постојат многу работи за кои денешните тинејџери никогаш нема да има потреба да се грижат. Имаат на располагање GPS ако сакат да отидат некаде, за превоз имаат апликации, ако сакаат да си ја слушнат омилената песна желбата веднаш им се исполнува.

Интернетот целосно ги промени телевизијата, радиото, филмовите, животот. Па затоа постарите генерации со носталгија се присетуваат на итрите начини на кои си ги исполнуваа желбите порано, пред ова време. Бидејќи сепак, секоја генерација си има свое време.

Денешните генерации никогаш нема да мора да се соочуваат со некои од секојдневните проблеми со кои се „бореле“ претходните генерации млади луѓе.

Непријатни разговори и повици

Тинејџерските години се доволно непријатни, но некогашното телефонско јавување и разговор со родителите на симпатијата ги правеше уште понепријатни.

Денес, повеќето тинејџери имаат свои телефони па и онака повеќе се допишуваат отколку што се јавуваат некому.

Во потрага по празни дискети

Порано дискетите беа спас за зачувување податоци, а работите малку се поправија откако почнавме да снимаме на празно цеде.

Дешифрирање на ракопис

Фонтовите го заменија ракописот во дигиталново доба. Со оглед дека повеќето работи ги читаме како текст на екран, повеќе не мораме да трошиме бескрајни моменти обидувајќи се да дешифрираме важен допис.

Дотраени албуми и филмови

Секој љубител на музика или филм може да се присети на ужасното искуство на слушање албуми или гледање филм за да открие дека истиот е оштетен токму на омилениот дел. Сега повеќето работи се дигитални, не мора да се грижиме за оштетувања.

Делење на домашниот компјутер

Порано, пред многу години, компјутерот беше позициониран на маса во дневната соба. Сега е персонализиран преносен уред и составен дел од училишната опрема на учениците.

Гледање телевизиски реклами

Емисии во живо и понатаму постојат, но снимањето или изборот на емисии ги направи рекламите застарени.

Губење контакт со пријателите од детството

Тинејџерите денес не мора да прелистуваат стари дневници или именици прашувајќи се каде се нивните другарчиња од одделение. Големи се шансите и понатаму да ги следат нивните животи на социјалните мрежи, дури и ако со години не разговараат.

Чекање фотографиите да се развијат

Го остававме филмот на изработка на фотографии, а потоа со денови чекавме да дознаеме дека нема ниту една успешна фотографија.

Живот без мобилни

Барањето телефонска говорница за да се јавите на родителите додека сте на одмор беше авантура, но и секојдневен проблем на постарите генерации.

Неможност да дознаете нешто

Порано мораше да се чека да пронајдете енциклопедија за да го откриете одговорот на одредено прашање бидејќи не можевте така едноставно да го побарате на Google, пишува MSN.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе