„Макканабис“ апелира до Владата да се дозволи извоз на цвет од канабис

Скопје, 11 септември 2019 (МИА) – Да се дозволи извоз на цвет од канабис, да не се бара банкарската гаранција од милион евра, одгледувачите да не се обврзуваат да уплатат 10 отсто од годишната добивка на посебна сметка, фирмата да нема обврска да вработи минимум 15 лица, да се изготви посебен закон за канабис, се дел од забелешките на здружението „Макканабис“ во однос на Предлог - Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

– Ние не можеме да извезуваме цвет од канабис. Медицинскиот канабис, ако е еколошки третиран, чини од три до четири илјади евра килограм сув цвет. На пример, со седум тони, може да се заработи околу 30 милиони евра, а може и повеќе, вели сопственикот на фирмата „Оаза алкалоиди“, Славе Ивановски, кој додава дека ако се екстрахираат седум или осум тони сув цвет, ќе се добие уште 30 отсто добивка.

Тој потенцира дека од извозот на цвет од канабис државата би имала огромна добивка.

Од здружението ја поздравуваат мерката за овозможување на извоз на цвет, не како досега само масло/екстракт. Но, проблемот со неможноста за регистрација на производ во МАЛМЕД останува.

- Не можеме да направиме никаков извоз во земјите од ЕУ поради немање на euGMP сертификат. А за да го добиеме потребна ни е регистрација на производот во МАЛМЕД. Значи не станува збор за краен производ – шишенце од 10мл, туку големи извозни пакувања од 1 литар кој аптеките во ЕУ понатаму ќе го продаваат како генерички лек. Без Владата да даде прецизни насоки на МАЛМЕД и на Царинската управа, пак ќе остане само напишано на хартија дека може извоз, а дефакто „не“, вели претседателот на здружението Костадин Дуковски.

Смета дека воопшто не е потребна банкарска гаранција, затоа што како приватни субјекти кои инвестираат, продуктот не се продава на Владата ниту пак таа овозможува било какво субвенционирање.

- Врз основа на какви показатели Владата смета дека е потребна банкарска гаранција од милион евра. Владата не распишува тендер за набавка на производ, а со тоа банкарската гаранција да може да се активира доколку не се испорача од операторот. Доколку некогаш распише тендер за набавка на производ, нормално тогаш ќе се бара банкарска гаранција, вели Дуковски.

Од „Макканабис“ се против фирмите кои одгледуваат канабис  да даваат 10 отсто од годишната добивка.

- Ваква давачка не постои никаде во свет. Таа постои за канабисот во рекреативни цели, но не и за оној наменет за медицина – лек. Доколку се дозволи вакво нешто, тогаш бараме веднаш истата мерка да се воведе и на производителите на лекови – Алкалоид, Реплек и слични. Истава мерка да се пропише во законот за лекови и медицински помагала. Само така ќе се изедначат сите производители на лекови, кажа Дуковски.

Од здружението го поздравуваат формирање на нова агенција за канабис.

- Доколку се преработи измената на законот и ние како производители директно комуницираме само со таа нова агенција, наместо со како до сега со ВЛАДА, МЗ, МАЛМЕД, МЗШВ, ние производителите таа агенција ќе ја поддржиме и доколку е потребно ќе ја спонзорираме со опрема/мебел и слично, вели претседателот на „Макканабис“.

Од здружението апелираат да се мотивираат аптеките да набават од производителите и сами да го прават мешањето на концетрациите, како што е и во земјите од ЕУ. Со сегашниот принцип на работа само се поддржува монопол – а цената ја плаќаат пациентите повеќекратно од потребното. На пример: Пациент со карцином плаќа 12.000 денари, за да му се намалат мачнините и повраќањето по примена хемо-радио терапија за 10 дена, а истата терапија не би чинела повеќе од 2.500 денари.

„Маккабанис“ го поздравува овозможувањето на одгледување на индустриски коноп како земјоделска гранка. Задружението бара и посебен Закон за канабис.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе