Макрадули го доби Мијалков пред Судот за човекови права во Стразбур

Скопје, 19 јули 2018 (МИА) - Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска донесе три пресуди во однос на четири апликации поднесени против Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за правда, две од четирите апликации, беа поднесени од  Јани Макрадули, и за нив има донесено една пресуда, во која ЕСЧП констатира повреда на правото на слободата на изразување.

Ваквата пресуда, во корист Јани Макрадули, е во врска со тужбата на поранешниот директор на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков, за јавно изречена клевета.

- Судот во Стразбур утврди дека осудата на Макрадули, значи прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, односно повреда на неговата слобода на изразување, се наведува во соопштението од Министерството за правда..

Според Судот, коментари во врска со имотот на јавни службеници, и нивна можна вклученост во неадекватни активности се однесуваат на значајни прашања од јавен интерес и истите се во согласност со начелата од членот 10 од конвенцијата.

Дополнително, според Судот, интервенцијата на државата во слободата на изразување на апликантот, а со цел заштита на угледот на поединци, во конкретниот случај претставува повреда на стандардите од член 10 од Европската конвенција за човекови права.

ЕСЧП на апликантот му досуди износ од 1.500 евра за надомест на нематеријална штета и 1.020 евра за трошоци во постапката.

Останатите две пресуди, „Хасани против Република Македонија“ и „Бајрамовски против Република Македонија“, судот ги прогласи за недопуштени поради неисполнување на критериумите од член 35 од конвенцијата, се вели во соопштението од Министерство за правда.

реклама

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе