Макрон: Ако победи екстремната десница на изборите, ќе има граѓанска војна во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека екстремно десничарската партија Национален собир (RN) и левичарската коалиција Нов народен фронт, и двете фаворити на парламентарните избори на 30 јуни и 7 јули, ризикуваат да ја втурнат Франција во граѓанска војна.

Макрон за подкастот Generation Do It Yourself изјави дека манифестот на екстремно десничарската RN, предводена од Марин Ле Пен и новата млада ѕвезда Џордан Бардел, се заснова на „стигматизација или поделба“.

„Мислам дека решенијата што ги дава екстремната десница не доаѓаат предвид, бидејќи тие ги категоризираат луѓето во однос на нивната религија или потекло и затоа водат до поделби и граѓанска војна“, рече Макрон.

Истата критика Макрон ја упати и кон екстремно левичарската „Франција непокорена“ (LFI), која е дел од пошироката левичарска коалиција „Нов народен фронт“.

„Зад тоа стои граѓанска војна затоа што вие исклучиво ги категоризирате луѓето според нивните религиозни ставови или заедницата на која припаѓаат, што некако ја оправдува изолацијата од пошироката национална заедница, а во овој случај би имале граѓанска војна со оние кои не ги делат истите тие вредности“, рече Макрон.

RN најави закон против „исламистичките идеологии“

Запрашан да одговори на коментарите на Макрон, претседателот на RN Џордан Бардела, кој се смета дека ќе биде нов премиер доколку RN освои најмногу гласови на изборите, му одговори на Макрон велејќи дека претседателот „не треба да го зборува тоа“.

Лидерот на LFI, Жан-Лук Меланшон, исто така, ги осуди коментарите на Макрон во интервју за France 2 TV, велејќи дека политиката на Макрон довела до граѓански немири, како на пример во француската прекуморска територија Нова Каледонија.

Коментарите на Макрон дојдоа неколку часа откако RN го објави својот изборен манифест, кој ветува ограничување на имиграцијата и ставање крај на правата на државјанство за децата родени и израснати во Франција од странски родители.

На промоцијата на манифестот во Париз, Бардела рече дека долгорочен приоритет на партијата е „да ја врати Франција на нозе“ со воведување „неопходна легислатива против исламистичките идеологии“. Детали за овој план не беа дадени.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Read more

Свет

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Read more

Почина папата Франциск

Read more

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Read more

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Read more
 

Вести

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Читај повеќе

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Читај повеќе

Почина папата Франциск

Читај повеќе

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Читај повеќе

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Читај повеќе

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Читај повеќе

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Меџити: ВЛЕН ќе се менува, платформата станува партија

Читај повеќе