Макрон го поткопува кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Брисел, 19 октомври 2019 (МИА) – Северна Македонија и Албанија нема да започнат преговори за пристапување затоа што францускиот претседател не го дозволува тоа. И тоа може да го остави Балканот во конфликти и на други сили, коментира Бернд Ригерт, дописник на Дојче веле од Брисел во авторскиот текст за случувањата на дводневниот Самит на ЕУ и неможноста на европските лидери да се договорот за преговори со Скопје и Тирана.

 
– „Разочарување има во Северна Македонија и во Албанија. Тоа е разбирливо. Според Европската комисија, Европскиот парламент и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, двете земји од Западен Балкан ги исполниле условите за започнување на преговорите за ЕУ. Од 2003 година, тие и другите балкански земји добија еврпска перспектива. Северна Македонија ги исполнува барањата уште од 2009 година, а Албанија од минатата година. Откако Скопје го реши спорот со Атина околу името, Македонците веруваа дека на овој самит на ЕУ конечно ќе им се даде зелено светло за почеток на преговори. Но, тоа експлицитно го одбива само еден европски лидер – францускиот претседател Емануел Макрон. Уште двајца, холандскиот премиер и данската премиерка, се сокрија зад Макрон и одбија разговори со Албанија.
 
Неразумното вето на Макрон ја втурнува Европската унија во двојна криза со кредибилитетот – едниот на Балканот, другиот во самиот Брисел.
 
Колку вредат ветувањата на ЕУ доколку не се исполнат дури и по реформите и напорите на кандидатите? Зошто експертите во Европската комисија, која знае да биде критична, со години ги проверуваат кандидатите ако на крајот е доволно „не“ од Париз да ги направи бројните резултати од проверката безвредни?
 
Идниот претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која се залага за евроинтеграција на балканските држави, ќе има големи тешкотии со француското противење. Не помага тоа што Макрон прво овозможи таа да дојде на таа позиција – а сега е навреден што не успеа да помине неговата кандидатка за Европската комисија. Макрон е лут на Брисел. Исто така, не помогнаа ниту гаранциите од канцеларката Ангела Меркел, која се залага за проширување на ЕУ.
 
Кредибилитетот на ЕУ и последиците во балканските земји – фрустрацијата и падот на подготвеноста за реформи – очигледно не се толку важни за францускиот претседател, како внатрешните аргументи што тој ги изнесе. Секако, зад вратот му е десничарската популистичка опозиција, која повеќе не сака имигранти во Франција и зборува против Европската унија. Но, тоа сигурно не би требало да ја поткопа заедничката политика на ЕУ.
 
И во Германија, десничарските популисти ги критикуваат настојувањата за проширување на ЕУ. Канцеларката, сепак, тоа досега не ја интересираше.
 
ЕУ несомнено извлече лекции од преговорите за пристапување со Бугарија, Романија и Турција. Денес, процесот е многу покомплексен и ригорозен. Понатамошните измени на овој процес, што со право ги бара францускиот претседател, можат да се случат и за време на преговорите, а не задолжително пред нив.
 
Процесот на пристапување никогаш не бил ригидна проверка, туку секогаш дава можност да се реагира на ситуацијата во земјите кандидати. Најдобар пример за тоа се 14-годишните преговори со Турција, кои се практично замрзнати поради автократското однесување на претседателот Ердоган.
 
Без перспектива дека еден ден ќе бидат дел од ЕУ, се загрозува мирот меѓу балканските земји. Влијанието на Русија, Кина и Турција би можело да се зголеми. Тешко е да се замисли дека тоа го сака францускиот претседател.
Аргументите на Франција се слаби. Макрон треба да го преиспита своето вето освен ако и тој самиот не сака да биде популист. Следната можност е самитот на ЕУ во декември“, пишува Бернд Ригерт во авторскиот текст „Макрон го поткопува кредибилитетот на ЕУ на Балканот“.
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе