Макрон и Шолц го повикаа Путин да ги ослободи борците од Азовстал

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц при што ги информирал дека руската страна е отворена за обновување на дијалогот со Киев.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа денеска од рускиот претседател Владимир Путин да ги ослободи 2.500 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

„Претседателот на Републиката и германскиот канцелар побараа ослободување на околу 2.500 бранители на Азовстал, воени заробеници од страна на руските сили“, соопшти француското претседателство по телефонскиот разговор меѓу тројцата лидери.

Од друга страна, Путин ги предупреди лидерите колку е опасно да се продолжи со „пумпање“ на Украина со оружје од Запад. Тоа, како што рече, води кон дестабилизација на ситуацијата.

Претседателот на Русија им објасни на Макрон и Шолц како се организира процесот на нормализација на животот во Мариупол и другите ослободени градови на Донбас, соопшти Кремљ.

Една од темите на разговор беше и прашањето за безбедноста на храната.

„Русија е подготвена да придонесе за изнаоѓање варијанти на извоз на жито без пречки, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море“, рече рускиот лидер.

Според него, вистинските тешкотии околу испораката на храна кои настанале поради погрешната политика на Западот. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе