Свет

Макрон ја обвини Турција дека соработува со припадниците на ИД

4. декември 2019 - 9:36 | М.С.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја обвини Турција дека соработува со ИД и напомена дека намерите на Анкара кон таа група им штетат на членките на НАТО кои се борат против припадниците на ИД во Сирија и Ирак.

Макрон на заедничката конференција за новинари со претседателот Доналд Трамп во Лондон ја поврза Турција со борците на ИД.

„Терористичките групи во денешно време се заеднички непријател. Жал ми е што е така, но немаме иста дефиниција за тероризмот. Турција е рамо до рамо со нас кога се бориме против ИД, но понекогаш се и соработници на истата таа група. 

Коментирај