Макрон ја заврши посетата на Србија, го поддржа ископувањето литиум

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја заврши дводневната посета на Србија, која беше одбележана со договорот за набавка на 12 нови борбени авиони Rafale и пораката на Макрон дека го поддржува Белград на патот кон Брисел и наклонетоста на Париз кон проектот за рударење ретки суровини во Србија.

Во четвртокот, на првиот ден од посетата на Макрон, Србија потпиша договор со Франција за купување на 12 нови борбени авиони Rafale во вредност од 2,7 милијарди евра.

„Србија припаѓа во Европската Унија“

Договорот, потпишан од српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и извршниот директор на Dassault Aviation, Ерик Трапие, вклучува логистички пакет, резервни мотори и делови за овие повеќенаменски авиони.

Макрон оцени дека купувањето на Rafale е „јасен избор што ја претставува волјата за долгорочен сојуз меѓу двете земји во рамките на силна, суверена Европска Унија“.

Тој рече дека Србија припаѓа во Европската Унија и дека на Унијата „ѝ треба силна Србија“, а Србија има потреба од „силна и суверена ЕУ за да ги брани своите интереси“.

Посетата на шефот на француската држава беше придружена со потпишување на вкупно 12 меѓудржавни договори.

Српски медиуми: Вучиќ пееше косовски песни на приемот за Макрон

Зборувајќи за дијалогот меѓу Србија и Косово, Макрон повтори дека нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е дел од приближувањето кон ЕУ и дека не може да има компромис без храбри одлуки од двете страни.

Белградските медиуми јавуваат дека Вучиќ пеел косовски песни на приемот за претседателот Макрон во вилата Мир во Белград во четвртокот навечер.

Директорот на Канцеларијата за јавна и културна дипломатија, Арно Гијон, рече дека за него „било важен момент кога претседателот Вучиќ го зел микрофонот и во пријателска атмосфера испеал косовски песни“.

„Беше многу емотивно и остави впечаток на сите нас. Не само на нашиот народ, туку и на претседателот Макрон и француската делегација“, рече Гион.

реклама

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Регион

Рудниците за литиум во Србија ги нема на списокот со стратешки проекти на ЕУ

Read more

Додик: Србите и Евреите се народи кои се обидоа целосно да ги збришат – и преживеаја

Read more

Земјотрес утрово во Албанија

Read more

Вучиќ најави воен пакт со Унгарија: Хрватска го прекрши договорот од 1996 година

Read more
 

Вести

Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на ривалот на Ердоган

Читај повеќе

Кремљ поставува услови за прекин на огнот во Црното Море

Читај повеќе

Рудниците за литиум во Србија ги нема на списокот со стратешки проекти на ЕУ

Читај повеќе

Јон Фрчкоски: Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч

Читај повеќе

Собранието се правда: Пратениците работат

Читај повеќе

Деаноски: Првпат од 2012 година, Владата сама, без работниците, одлучува за минималната плата

Читај повеќе

Вработените во ЦСР Прилеп заплашени со бркање од работа ако ѝ дадат поддршка на колешката која беше застрелана

Читај повеќе

Поранешен шеф на КГБ: Русија и САД конечно имаат ист непријател

Читај повеќе

Сè повеќе Германци се дрогираат со кокаин: Им се доставува како пица

Читај повеќе