Макрон: Мојата цел е да ги избркам сите оние кои не треба да бидат во Франција

Париз, 31 октомври 2019 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон во интервју за конзервативниот неделник „Валерс Актуел“ објавено денеска, ја објаснува неговата миграциска политика.

По дебатата за имиграцијата организирана во Парламентот на почетокот на месецот, во долгото интервју на дванаесет страници за неделникот, Макрон ги наведува мерките што планира да ги преземе за справување со мигрантите.

– Мојата цел е да ги избркам сите оние кои не треба да бидат тука, изјави Макрон на почетокот од интервјуто.

Тој додаде дека сака да ја засили политиката на протерување, но не прецизира колку луѓе ќе бидат протерани од Франција. Предупреди од опасноста земјите од каде потекнуваат мигрантите да одбијат да издадат конзуларна виза, која е потребна за враќање на протераните.

Макрон во интервјуто најави дека брзо сака да го реши прашањето за државната медицинска помош. Тоа се однесува за лицата кои во Франција доаѓаат со туристичка виза, остануваат три месеци и користат државна медицинска помош.

Но, шефот на француската држава сака да ја промени универзалната здравствена заштита, на која има право секој барател на азил. Макрон предлага да има „период на чекање“ пред лицата да можат да добијат медицинска заштита.

Макрон посочи и дека сака да стави крај на злоупотребите на азилот.

Предложените мерки од Макрон треба да бидат официјализирани од премиерот Едуард Филип. 

реклама

Свет

Кадиров: Макрон да престане со напади врз верата

Read more

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море

Read more

Рекорден број починати од COVID-19 во Русија

Read more

Продолжуваат протестите во Полска поради законот за абортус

Read more

Вести

Филипче: Полициски час не е трајно решение, мора да се почитуваат мерките за заштита

Читај повеќе

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“

Читај повеќе

Јовески: Се истражуваат и други недвижности за случајот „Плацеви на Водно”

Читај повеќе

Дневен ковид биланс: 628 новозаразени и нови 15 починати

Читај повеќе

Владата ја одржа 16-тата седница

Читај повеќе

Премиерот Заев негативен на COVID-19

Читај повеќе

Одобрена набавката на лекот ремдесивир прифатен во терапијата за COVID-19

Читај повеќе

Кадиров: Макрон да престане со напади врз верата

Читај повеќе

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море

Читај повеќе