Макрон: Мора да дозволиме Украина да гаѓа цели во Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Украина треба да има право да гаѓа цели во Русија од кои се извршуваат напади на украинска територија.

„Мораме да им дозволиме на Украинците да ги неутрализираат воените локации од кои се истрелани проектилите, но не и други цивилни или воени цели. Не сакаме да ескалираме“, рече тој вчера, говорејќи заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц беше повнимателен, велејќи дека употребата на западно оружје од Украина „секогаш мора да биде во рамките на меѓународното право“. Коментарите на двајцата лидери се дел од пошироката дебата што ги вознемирува западните сојузници на Украина.

Две од најчувствителните прашања на агендата на вчерашниот состанок на министрите за одбрана во Брисел беа дали на Украина треба да ѝ се дозволи да користи донирано оружје за напад на руска територија и дали сојузниците на Украина треба да испратат свои војници за да ја забрзаат обуката на украинските сили, што е исто така идеја лансирана од Макрон.

ЕУ длабоко поделена

Земјите на ЕУ се длабоко поделени по двете теми, рече шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

„Отстранувањето на ограничувањата за употреба на западно оружје е одлука што треба да ја донесе секоја поединечна земја-членка. Тоа е нивна одговорност. Никој не може да присили земја-членка да ги укине овие ограничувања“, рече тој.

Ова не е само проблем на Европската Унија. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, е под притисок на Конгресот да одговори на молбите на Киев и конкретно да ѝ дозволи на Украина да гаѓа цели во Русија со донирано оружје.

Говорејќи во Брисел, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече: „Ние, и ова е факт, не можеме да ја ризикуваме поддршката од нашите партнери - затоа не го користиме оружјето на нашите партнери за да ја нападнеме руската територија. Затоа ве молиме да ни дозволи да го направиме тоа“.

Некои европски земји како Обединетото Кралство, балтичките земји, Финска, Полска и други немаат проблем со тоа што Украина пука во цели во Русија.

„Покрај муницијата и противвоздушната одбрана, две работи можат да ѝ помогнат на Украина да дојде до точка на пресврт за победа во војната: забрзување на обуката за украинските ловци и дозволување на Украина да напаѓа воени цели во Русија“, напиша на X (Twitter) естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.

„Не е наша работа да им ги врзуваме рацете на Украинците“, изјави финскиот претседател Александар Стуб. Ова е ставот и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Но, земјите како Германија и Италија се многу повнимателни во врска со преминувањето на црвената линија со нуклеарно вооружената Русија.

Путин се заканува со сериозни последици

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се закани на Европа со „сериозни последици“ доколку на Украина ѝ се дозволи во иднина да користи прецизно оружје со долг дострел доставено од Запад против руска територија.

„Тие претставници на НАТО, особено во Европа и особено во малите земји, треба да разберат со што си играат“, рече Путин во главниот град на Узбекистан, Ташкент, на крајот од државната посета.

Тој навести дека Русија може да преземе воени контрамерки и рече дека особено помалите земји не треба да заборават дека нивните територии не се големи и дека се густо населени.

Според Путин, таквото одобрување од западните земји би претставувало директна конфронтација меѓу Русија и Западот. Во овој контекст, 71-годишникот уште еднаш се осврна на стратешкото нуклеарно оружје на Русија.

Тој, исто така, ја доведе во прашање можната заштита на земјите од НАТО од САД.

„Ако се материјализираат сериозни последици за Европа, како ќе се однесуваат САД со оглед на нашиот паритет во стратешкото вооружување?“, праша тој.

реклама

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе

Николоски: Земјите на Коридорот 10 ќе потпишеме договор за брза пруга

Читај повеќе
  • play_arrow

СДСМ: Италија се справи со Коза ностра, ние ќе се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата

Читај повеќе