Макрон сака англискиот да го замени со францускиот на состаноците на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го замени англискиот јазик на сите состаноци на Европската Унија со француски, штом неговата земја ќе го преземе претседателството со блокот следната година.

Англискиот јазик во моментов е „работен јазик“ на ЕУ и се користи на средбите на високо ниво меѓу претставници од 27-те земји-членки на блокот.

Сепак, извори сугерираат дека францускиот претседател планира да го имплементира францускиот јазик како главен јазик што го користат дипломатите на ЕУ.

Макрон се надева дека ќе го примени новото правило кога Франција ќе ја преземе контролата врз сегашното шестмесечно претседателство со ЕУ во 2022 година.

Тој ги разгледува плановите да ги одржи сите состаноци во Брисел на француски јазик, и има предлози дека ќе ги игнорира писмата испратени од Европската комисија доколку се напишани на англиски јазик.

Записникот и официјалните документи се очекува да бидат доставувани на француски јазик, според извори запознати со шемата.

„Дури и ако признаеме дека англискиот јазик е работен јазик, а тоа често и се практикува, основата за изразување на француски јазик останува целосно валидна во институциите на ЕУ“, рече еден висок француски дипломат.

„Мораме да го збогатиме и да го оживееме за да може францускиот јазик вистински да се врати, а над тоа и чувството и гордоста на повеќејазичноста.

Францускиот јазик веќе е еден од трите „работни јазици“ на ЕУ, заедно со англискиот и германскиот, но Макрон и неговите министри планираат да го оживеат јазикот ширум блокот.

Би можеле и да се издвојат парични средства за часови по француски јазик за дипломатите на ЕУ, а предвидени се и дебати само на француски јазик.

Сепак, овој потег наиде на критики од ЕУ, луѓе кои стравуваат од отежнувачкиот ефект што може да го има на состаноците кои обично се водат на англиски јазик.

„Многу национални делегати во работните групи на ЕУ едноставно не разбираат или не зборуваат француски“, објаснува за Politico неименуван дипломат.

„Се надеваме дека Франција на крајот ќе следи прагматичен јазичен пристап“, додаде.

Исто така, постои загриженост за влијанието на таквиот потег врз веќе лошите односи меѓу Обединетото Кралство и ЕУ.

Франција привремено ќе претседава со ЕУ од јануари до јуни следната година - прв пат од 2008 година.

Француските министри Климен Бон и Жан-Батист Лемуан во април тврдеа дека контролата врз претседателството создаде „можност да се одржи оваа витална борба за повеќејазичност“.

Прашањето е како германските власти ќе реагираат на овој можен чекор од Франција.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе