Свет

Макрон се закани дека ќе ја бомбардира Сирија ако тие користат хемиско оружје

14. февруари 2018 - 12:13 | К.З.

Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека ќе ги бомбардира целите во Сирија доколку тамошната власт реши да употреби хемиско оружје против цивилите во оваа земја.

Тој рече дека засега не видел цврсти докази за да може директно да ја обвини сириската власт, но доколку би се случило, тоа би била „црвената линија“.

„Истото му го кажав и на Путин, хемиското оружје е црвената линија. Ако имаме докази дека тие користат хемиско оружје и кршат меѓународни прописи, ние ќе го бомбардираме местото каде го прават хемиското оружје. Засега нашите служби немаат откриено дека тие го користат против цивили“, изјави Макрон.

Сириската влада ги негира овие обвиненија, но некои од организациите кои ја следат ситуацијата во оваа држава тврдат дека режимот на Асад неколкупати досега наредувал да се фрлат воени отрови на цивилите.

Во последните неколку недели хуманитарните организации од САД доставија налози кои велат дека режимот на Асад користи хлор, кој легално го увезува, како воен отров во бунтовите во провинциите Гоута и Идлиб.

Коментирај