Македонија

Макрон со поддршка за почеток на преговори со Скопје и Тирана

15. февруари 2020 - 13:24 | МИА

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Минхен изјави дека ако резултатите од Извештајот на Европската комисија во март за Северна Македонија и Албанија се позитивни, тој би поддржал отворање на преговори со нив за да станат членки на Унијата, објави Reuters.

– Го чекаме извештајот во март. Во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали има доверба тогаш би биле во позиција да одобриме почеток на преговори, изјави Макрон на 56. Минхенска безбедносна конфереренција.

ЕУ не инвестира доволно во својата иднина

Емануел Макрон, исто така, денеска изјави дека Европска Унија треба да се разбуди и да стане континент кој верува во својата иднина.

Тој истакна дека би сакал да ја види „Европа, која може да го штити суверенитетот, Европа, која е повитална и Европа, која негува ентузијазам во поглед на својата иднина“.

Макрон потенцира дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбициите, со цел да не заостанува зад САД и Кина, особено кога станува збор за технологијата.

Коментирај