Макрон: Светот може да биде на работ на војна

Светот се соочува со длабока криза и може да биде на работ на војна, рече денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

„Мислам дека хаосот е овде. И мислам дека е одговорност на нашата генерација да не чекаме нова војна, туку да го гледаме светот таков каков што е. Мислам дека денес сме на работ на војна ако не се грижиме. И таа војна е присутна во нашите демократии – тоа е длабоката криза низ која минуваме. Ако сакаме вистински напредок, ние треба да направиме некои сериозни заложби“, рече Макрон во говорот по повод стогодишнината на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Женева.

Макрон повика на универзална социјална заштита и компензација за луѓето чии средства за живот се загрозени од технолошките и климатските промени.

Според него, нееднаквоста го фаворизира авторитаризмот.

„Гласачите велат: Демократијата не нè штити од нееднаквоста, предизвикана од капитализмот, затоа да ги затвориме нашите граници, да изградиме ѕидови и да го напуштиме мултилатералниот пристап“, рече тој, очигледно критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе