Макрон тврди дека го убедил Трамп да не ги повлекува трупите од Сирија

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да не ја повлекува војската од Сирија и долгорочно да се ангажира во таа земја.

Трамп пред две недели најави дека САД „многу бргу ќе се повлече од Сирија“.

Макрон поради тоа изјави дека воедно наговорил Трамп и да ги прекине воздушните напади во Сирија.

Силите на САД, Британија и Франција во саботата извршија ракетни напади во Сирија, како одговор на наводниот хемиски напад во градот Дума.

Двајцата претседатели, за кои се тврди дека се во срдечни односи, изминативе неколку дена често разговарале преку телефон.

Откако Макрон во тричасовно телевизиско интервју ги изнесе овие тврдења, портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека „ништо не е променето“.

„Претседателот јасно истакна дека сака американските трупи што побргу да се вратат назад“, изјави таа, но додаде и дека САД се „одлучни потполно да ја скршат Исламската држава“.

Макрон во текот на интервјуто инсистираше дека западните сојузници „имале полн легитимитет да дејствуваат“ во Сирија, како и тоа дека постојат цврсти докази за хемискиот напад на 7 април во Дума и дека за тоа е одговорна сириската влада на чело со претседателот Башар Ел-Асад.

Сириските власти во повеќе наврати демантираа дека користеле хемиско оружје.

Макрон изјави дека директно му се обратил на рускиот претседател Владимир Путин, на кого му рекол дека Русија, која воено и дипломатски го поддржува Асад, на еден начин е исто така одговорна за нападот.

„Тие сами не фрлаа хлор, но методично користеа дипломатски канали за да спречат настани кои би ги осудиле за хемиски напад“, изјави францускиот претседател.

Макрон изјави дека сака дијалог со сите страни вклучувајќи ја и Русија, за да се пронајде политичко решение околу завршување на конфликтите во Сирија, а истакна и дека во мај ќе отиде на од порано планираниот пат во Москва.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе