Свет

Макрон влезе во Нотр Дам додека катедралата гореше

16. април 2019 - 9:43 | Б.С.Б.

Францускиот претседател Емануел Макрон влезе синоќа во катедралата Нотр Дам, чии делови гореа во огромен пожар кој дури изутринава беше ставен под контрола.

По 10 часа борба со пламените јазици пожарникарите успеаја да ја стават огнената стихија под контрола. Во пожарот целосно е уништен покривот, додека главната конструкција е сочувана.

Истото се случи и со познатото ѕвоно на катедралата. Покрај жителите на Париз и светот е во шок, гледајќи како исчезнува еден од најголемите историски симболи на Франција, кој досега има преживеано многу војни и други разорувања.

Меѓу првите кои влезе во катедралата додека уште гореше беше францускиот претседател Емануел Макрон со сопругата. Во тој момент околу нив насекаде летаа искри.

Тој изјави дека катедралата ќе биде обновена со заеднички сили и донации.

„Ви се обраќам на сите, заедно ќе ја обновиме оваа катедрала. Ова е веројатно дел од француската судбина и ние тоа ќе го правиме во наредните години. Од утре ќе почнеме меѓународен процес на донации така што на тој начин ќе ги поместиме границите“, изјави Макрон.

Коментирај