Мал генијалец: Наскоро завршува факултет, а инспирација му е Никола Тесла

Деветгодишниот Лорен Симонс од Белгија се подготвува да дипломира во декември, а после тоа планира да се посвети на изучување на медицината. 

На прв поглед, Лорен Симонс изгледа како и секое друго деветгодишно дете. Но, кога ќе почне да зборува за неговата работа на Универзитетот во Холандија, ги подзамислува сите возрасни. Тој работи заедно со тим истражувачи со кои развива компјутерско коло кое ќе реплицира дел од мозокот,  пишува Washington Post.

„Во лабораторијата се обидуваме да ги поврземе невроните за да можеме да ги следиме реакциите на лековите во определен дел од мозокот“, раскажува детето, објаснувајќи го проектот во кој се комбинираат знаењата од биомедицината и електротехниката.

Ова чудо од дете е на пат да стане најмладиот човек во светот со факултетска диплома. Тоа ќе се случи доколку Лорен наредниот месец ги положи сите испити на отсекот за електротехника на Универзитетот во Ајндховен.

„Планирам да запишам студии по медицина. Но претходно ќе се одморам убаво“, вели тој.

Лорен е роден во Белгија, но живее во Холандија. Средното училиште го завршил за една година, а тригодишните студии ќе ги заврши за само девет месеци.

Сите професори се воодушевени што имаат студент како Лорен, а за секој од нив ова е уникатна и можеби неповторлива ситуација затоа што го имаат најмалиот студент.

Кога не е факултет, Лорен го шета неговото куче, игра видеоигри и објавува фотографии на Instagram.

Инспириран од Никола Тесла, тој планира да го истражува полето на вештачките органи и да направи вештачко тело во неговата лабораторија. 

„Баба ми и дедо ми имаат срцеви проблеми“, ја објаснува Лорен неговата одлука.

Постојано му пристигнуваат понуди за студирање од најпрестижните универзитети во светот. Засега, САД е неговата опција, а родителите му се најголемата поддршка за да ја донесе правилната одлука.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе