Мала космо-школа: 101 неверојатен факт за Марс

Марс е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 километри.

Нејзиниот пречник изнесува 6.794 километри (речиси двојно помал од тој на Земјата), со што, според големината, таа е седма планета во Сончевиот Систем. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, така што понекогаш се нарекува и „Црвената планета“. Инаку, Марс е богот на војната во римската митологија.

Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на температурата од 30 °C во афел и перихел. Ова има големо влијание на климата. Додека просечната температура е 218 К (-55°С), температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27°С) преку ден во текот на летото. Иако Марс е многу помал од Земјата, копнената површина му е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата).

Првото вселенско летало кое ја посетило планетата Марс е Mariner 4 во 1965 година, по што следеле уште неколку други, меѓу кои и Mars 2, првата сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од 1997 година.

Кинеската вселенска агенција CNSA во моментов работи со роверот Zhurong на површината на Марс и праќа снимки назад на Земјата преку сателитот Тianwen-1. Роверот е сличен на роверите Spirit и Opportunity на НАСА. Кина е втора земја којашто слета и управува со вселенско возило на Марс, по САД.

За да дознаете повеќе за Црвената планета, погледнете го ова видео на Factnomenal со 101 неверојатен факт за Марс:

реклама

Наука

Откриена исклучително ретка крвна група: Хибридна крв пронајдена кај 3 лица

Read more

Црна габа од Чернобил ја претвора нуклеарната радијација во енергија

Read more

Следната година Европејците одат на Месечината

Read more

Европа ги губи резервите на вода: Каде е најкритично?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Читај повеќе

Колку заработуваат вработените во Google?

Читај повеќе

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Читај повеќе

Повторно падна Cloudflare

Читај повеќе

Кои iPhone модели најдобро држат цена за препродажба?

Читај повеќе

Што се гуглаше најмногу во 2025 година?

Читај повеќе

НАСА објави снимки од Марс и го потврди долгоочекуваниот феномен: Електрични искри во прашинските ѓаволи

Читај повеќе

Лажни порно страници шират малвер кој краде сè

Читај повеќе

Нов шок по астрономските цени: Micron се повлекува од пазарот на RAM и SSD дискови

Читај повеќе