СЕРИЈА А 2022/2023

Малдини сакал да го смени Пиоли со Пирло

Паоло Малдини планирал револуција во Милан пред да биде разрешен, а главната промена му била смена на тренерот Стефано Пиоли со Андреа Пирло.

Легендарниот поранешен играч на Милан и на Италија, сега 54-годишниот Малдини, во понеделникот беше разрешен од функцијата технички директор на клубот од страна на сопственикот Џери Кардинале, по краток, но тензичен состанок. Подоцна и на неговиот близок соработник Фредерик Масара му беше покажана излезната врата од клубот, со што се стави крај на една важна ера кај „Росонерите“.

Малдини и Масара играа важна улога во враќањето на Милан во врвот на италијанскиот фудбал, носејќи важни играчи како Мајк Мењан, Рафаел Леау и Тео Ернандес. Заминувањето на дуото сега го фрла клубот во хаос и создаде тензија помеѓу играчите, кои особено го почитуваа Малдини.

Како што пренесува Corriere dello Sport, извори од таборот на Милан велат дека Малдини сакал да направи промена на тренерската палка заменувајќи го Стефано Пиоли со неговиот поранешен соиграч Андреа Пирло, кој неодамна ја напушти клупата на турски Фатих Караѓумрук.

Разрешувањето на Малдини ја закопа идејата за тренерска смена, па сега Пиоли се смета за централен дел на проектот на RedBird за тимот од Милано.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе