Мали почетоци за големи успеси: Брендот Vivax

Vivax е синоним за успех меѓу компаниите што произведуваат технологија за модерното време. Vivax своите почетоците ги започнува со само неколку производи, од Хрватска, во 2004 година, за по 12 години да прерасне во огромна и респектабилна компанија која создава и нуди квалитет со над 250 различни производи на пазарот.

Покрај големиот развој што го бележи компанијата, со својот квалитет и иновативност, истата почнува да ужива сè поголемата доверба кај потрошувачите. Vivax секојдневно е присутен на пазарот и сè повеќе се зголемува семејството на задоволни корисници. Лојалноста на потрошувачите и корисниците се должи на квалитетот на производите, за кои експертите од областа на технологијата велат, чекор по чекор, во догледна иднина би можел да го надмине и најголемите светски производители. 

Мисијата на Vivax е со едноставен дизајн, иновативна и квалитетна технологија за да се овозможи целосно и функционално опремување на домот. Следејќи ги глобалните текови и трендови, како и потребите на пазарот, широкиот асортиман и богатата лепеза од производи, овозможува осмислување и опремување на секоја просторија од животниот простор, како и уживање и рационално користење на слободното време. Ваквиот пристап кон производството и понудата на пазарот, го прави Vivax еден од брендовите што ги спојува можното и посакуваното, функционалното и рационалното. Vivax е компанија што гради и создава квалитет без компромис.

Vivax во Македонија започнува со функционирање на пазарот пред неколку години преку ПАКОМ Компани и најголем успех и увид во квалитетот на нивната технологија потрошувачите го препознаваат во нивните клима уреди. Сигурноста во понудата на Vivax во Македонија доаѓа од работата на ПАКОМ Компани кои секојдневно целат кон задоволување на потребите на своите клиенти. Vivax клима уредите од Cool линијата се истакнуваат по своите врвни карактеристики. Освен дизајнот што може да се вклопи во секој простор, тие се одликуваат со најновата технологија која овозможува напредна функционалност. Поради тоа што се дизајнирани за грижа кон природата, климите на Vivax се дел од најефикасните на пазарот. Една од иновативностите што се вклучени во овој производ е контролата на климата од паметниот телефон. Со ваквата функционалност се дозволува голема мобилност и комфор. Поради фактот што нивото на бучавата е многу значајно за корисниците, клима уредите на Vivax имаат напредна технологија што им дозволува на апаратите да работат на исклучително тивко ниво. Многуте видови од богатата понуда на клима уреди на Vivax можат да ја задоволат сечија потреба.

Друг сегмент од исклучителната линија на производи на Vivax кои се продаваат во Македонија се и нивните ЛЕД телевизори. Тие се целосно дизајнирани и се произведуваат во Хрватска. Телевизорите можат да се најдат во различни димензии од 15” до 65”. Овие производи на Vivax се со современ дизајн и модерна технологија која овозможува врвна функционалност и квалитет. Според неофицијални податоци од пазарот во Македонија, ЛЕД телевизорите на Vivax се едни од најиздржливите, истите поретко се расипуваат со што ги надминуваат конкурентските производи од најголемите светски производители. Телевизорите се произведуваат под контрола на хрватски професионалци што значи дека се следат врвни европски стандарди. Vivax ЛЕД Телевизорите се актрактивни, имаат пристапна цена, сервисна поддршка и гаранцијата за квалитет што ги прави одличен избор за сечиј дом.

Vivax е пример за компанија со зацртана цел да ги задоволи потребите на потрошувачите, а успехот од година во година е се поголем. Нивните производи можат да се најдат на бројни локации низ Македонија, а широката палета на производи со квалитет и функционалност гарантира задоволување на сечиј вкус.
За повеќе информации во однос на бројните производи на Vivax во Македонија може да се посети нивната официјална Фејсбук страна.

*Промотивен текст

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе