Мали трикови за голема заштеда: Каде ви одат парите?

Никогаш не е доцна да почнете со штедење.

Навиката да внимавате каде ги трошите парите, колкави ви се редовните трошоци и колку можете да заштедите можеби уште ја немате стекнато, но и денес е одличен ден да почнете да го правите тоа.

Само бидете реални и искрени за тоа кои се вашите потрошувачки навики и можете да почнете со штедење. Прво пресметајте ги сите извори на примања што ги добивате месечно (или на неколку месеци), точно утврдете кои ви се редовните режиски трошоци (и каде можете да намалите), а потоа колку пари ви остануваат.

Можеби во првата година, додека да ја стекнете навиката нема да заштедите за нешто големо, ама можете да се подновите со нешто убаво. И тоа нека ви биде мотивација за штедење!

Како што важи и за многу други работи, и штедењето може да се научи. Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да го направите токму тоа:

Запиши колку трошиш. Колку пати ви се случило да дојдете до 20-ти во месецот, а не знаете каде ги потрошивте парите? Секогаш се сеќаваме на поголемите работи - телевизор, патики, мебел, но немаме поим каде ни отишле парите кога станува збор за мали трошоци, бидејќи тие мали трошоци прават најголема потрошувачка.

Одлучи како ќе плаќаш. Плаќањето со картичка е поедноставен и поудобен начин, но ако редовните места каде што пазариш или плаќаш не работат со картичка, донеси одлука да пазариш во одредени денови и до одредена сума.

Издвои пари од страна. Истата секунда кога добивате плата, оставете на страна одредена сума што сакате да ја заштедите. Тие пари не постојат за вас и најдобро е ги дадете на некој на кого му верувате, ако веќе не си верувате себе си. Започнете со помала количина, и доколку условите дозволуваат, зголемувајте ја количината.

Пред секое купување, размислете дали нештото навистина ви е потребно. Дали ви треба петти пар патики, дали навистина ќе ја користите таа справа за вежбање што ја нарачавте, итн. Одделете ја потребата од желбата.

Лошите навики претворете ги во нешто корисно. За секоја лоша навика, одвојте одредена сума пари. На пример, за секое доцнење 100 денари, за секој оброк после девет навечер 200 денари. На тој начин ќе се оттарасувате од лошите навики, а ќе стекнувате нова – штедење.

Тагови
реклама

На почетокот на ноември ни се заканува медиумски мрак

Read more

Три хороскопски знаци кои најтешко ја поднесуваат самоизолацијата

Read more

Зошто Apple ја крие оваа фантастична опција на iPhone 12?

Read more

Цицлест четврток

Read more

Живот

Најмудрите цитати на Бил Гејтс - за вакцините, за знаењето, за животот

Read more

Јапонски експериментален воз достигна брзина од 382 км/ч

Read more

Три хороскопски знаци кои најтешко ја поднесуваат самоизолацијата

Read more

Поглед во најубавиот парк во светот

Read more

Магазин

Најмудрите цитати на Бил Гејтс - за вакцините, за знаењето, за животот

Читај повеќе
  • filter

Норвешка: 24 интересни факти за најсеверната земја во Европа

Читај повеќе

Франција е кралица на кружните текови

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонски експериментален воз достигна брзина од 382 км/ч

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пита со шампињони и моцарела

Читај повеќе
  • play_arrow

Руски диви „хакери“ бираат победник помеѓу Трамп и Бајден

Читај повеќе

Три хороскопски знаци кои најтешко ја поднесуваат самоизолацијата

Читај повеќе
  • filter

Идеи за есенски декорации за домот

Читај повеќе

Кои се најчитаните книги на сите времиња?

Читај повеќе