Малку поинаков освежителен милкшејк
Во летниот период идеално е да се освежите со сладок и ладен пијалак кој може да се подготви во различни вкусови. Милкшејкот е еден од тие пијалаци кој се подготвува најчесто со сладолед и студено млеко, а секогаш можат да се додадат различни состојки и преливи.
Tasty претставува четири различни подготовки на малку поинаков освежителен милкшејк со вкус на банана и путер од кикирики, јагода и рум, кафе и виски како и со праски и бурбон. Се разбира, вие може да додадете некои од вашите омилени намирници и да уживате во освежителниот пијалак. На крајот украсете со шлаг и парче овошје.