Малолетен возач усмрти пешак во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка кон дете во судир со законот за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Како што се наведува во соопштението од државното Јавно обвинителство, малолетникот на возраст од 17 години без да има важечка возачка дозвола вчера вечерта управувал автомобил „фолксваген голф“, сопственост на неговиот татко. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, доведувајќи го во опасност животот на луѓето.

-Возејќи по улицата „Босна и Херцеговина“, стигнал до крстосница со улиците „Александар Урдаревски“ и „Кемал Сејфула“, но не ја приспособил брзината на движење кон својствата и состојбата на патот. Како резултат на тоа, со предниот лев дел од автомобилот удрил во пешак кој го поминувал коловозот на обележан пешачки премин. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, се посочува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор бидејќи оценил дека постои опасност да се даде во бегство, да ја попречи постапката со влијание врз сведоците или да го повтори делото.​

реклама

Хроника

Петмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка во Горно Лисиче

Read more

Грабеж во обложувалница во Бутел

Read more

Се трага по сторителот на убиството во Капиштец

Read more

Маж прегазен од возило најден кај граничниот премин Долно Блаце

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Градот Ролинг Форк го нарече Ролинг Стоун

Читај повеќе

Ќосето ќе остане во магацин, Герасимовски ја одби Арсовска за споменикот да се врати пред суд

Читај повеќе
  • play_arrow

Торнада дивееја низ САД, има загинати

Читај повеќе

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Читај повеќе

Петмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка во Горно Лисиче

Читај повеќе

Бакнеж прикажан на телевизија во Иран – изби скандал, телевизијата се извини

Читај повеќе

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Читај повеќе

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Читај повеќе