Малолетничка со остар предмет ја нападнала својата 38-годишна мајка и ѝ нанела повреди по претходна расправија.
На 28 ноември во 19:00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека околу 18:30 часот во дом на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, малолетничка со остар предмет ја нападнала својата 38-годишна мајка и ѝ нанела повреди.
Полициски службеници и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, во координација со Јавен обвинител за малолетници, излегле на местото и, по преземени мерки, малолетничката и нејзината мајка биле сместени во здравствени установи за понатамошно лекување.