Малолетничка подведувана на сексуални услуги, притвор за двајца осомничени

Скопје, 16 јануари 2019 (МИА) – Две лица од Скопје подведувале 17-годишна девојка на сексуални услуги. Осомничените ја присилувале и на давање сексуални услуги на други лица за што се стекнале со одреден паричен дадомест.

Како што соопшти МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Б. Б. (23) и С.Р. (20) од Скопје, за сторено кривично дело „трговија со дете“.

-По добиена пријава од социјалните служби дека 17-годишната малолетничка била подведувана, МВР презеде соодветни мерки и активности и утврдено е дека првопријавениот ја подведувал на вршење полови дејствија и давање на сексуални услуги на други лица, за што од нив земал за себе одреден паричен надомест.

Во наоѓање лица за давање на сексуални услуги, освен Б.Б. учестувала и С.Р.. По преземени мерки и активности, Б.Б. и С.Р. се приведени во полициска станица.

Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Б.Б. и С.Р., се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат дека МВР во координација со Министерството за труд и социјална политика веднаш ги презеле сите неопходни мерки за заштита и психо-социјална поддршка на малолетната жртва на трговија со луѓе.

На девојката ѝ се направени сите потребни лекарски прегледи и во моментот е сместенa во соодветна институција.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе