Малолетничка уценувана и во повеќе наврати силувана од 24-годишен маж

Основното јавно обвинителство од Прилеп покрена постапка против 25-годишен маж од село Дебреште кој се сомничи дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

По предлог на јавен обвинител, на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.

Осомничениот од почетокот на април до 20 јули годинава во атарот на селата Лажани и Дебреште и во Прилеп извршил обљуба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години.

Тој со девојчето остварил контакт преку социјална мрежа и во април се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела. Побарал од неа да влезе во возилото со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која таа му ја испратила претходно на Facebook. Девојчето влегло во возилото, по што ја однел на друга локација и извршил обљуба врз неа, иако таа цело време давала отпор.

На 18 јули, повторно со уцена, ја принудил да влезе во возилото и заедно отишле во неговиот дом во Дебреште. Таму се задржале сѐ до моментот кога добиле сознание дека во куќата доаѓа полицијата, по барање на родителите на девојчето и по наредба на ОЈО Прилеп, за да го врати девојчето кај родителите. Тогаш со возило кое го возел братот на осомничениот ја напуштиле куќата и отишле во неговата куќа во Прилеп, каде биле оставени сами. Осомничениот, во една од собите, без согласност на оштетената извршил обљуба врз неа.

На 20 јули, криејќи се од полицијата, го донел девојчето во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без нејзина согласност извршил обљуба.

Според делот „Кривични дела против половата слобода и половиот морал“, Силување, Член 186, Став 1 „тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од една до десет години“. Според Став 3 од истиот член „тој што друг ќе присили на обљуба со сериозна закана дска за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би му наштетило на неговата чест и углед или дека ќе предизвика друго тешко зло, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“.

Во делот „Полов напад врз дете“, според Член 188, Став 1 „тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз дете, ќе се казни со затвор од една до десет години“.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе