Шест малолетници ограбувале минувачи во ГТЦ во Скопје.
Според информациите на МВР, СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против шест малолетници, пет на возраст од 15 и еден на возраст од 16 години, од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво.“
Пријавените извршиле две разбојништва во Скопје, во Градскиот трговски центар на 07 и на 24 ноември.
„Тие им приоѓале на оштетените и со закана со физичка сила, од едниот оштетен одзеле два мобилни телефони, а од другиот 7.600 денари и картичка за градски превоз“, велат од МВР.