Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години во текот на една година во неколку наврати силувале 12-годишно дете во Битола. Поднесена е кривична пријава против нив, за полов напад врз дете помало од 14 години.
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола, за сторени три кривични дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
На 16 и на 17 април годинава на улица „Караорман” првопријавениот во својот дом извршил обљуба врз 12-годишно дете од Битола.
Во летниот период во 2017 година на паркинг-простор во Битола второпријавениот извршил обљуба врз 12-годишното дете. Исто така, во февруари 2018 година второпријавениот извршил други полови дејствија врз истото дете.