Хроника

Малолетник и 19-годишник повикани во полиција за графитот на „Широк сокак“

21. јануари 2018 - 15:23 | Макфакс

Од МВР соопштија детали во врска со графитот кој беше испишан на фасада од зграда, со говор на омраза на македонски и албански јазик.

Полицијата објави дека во Секторот за внатрешни работи – Битола, се повикани две лица од градот, од кои едното е малолетно, а другото е на возраст од 19 години и е разговарано со нив.

„Против сторителите, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, пишува во соопштението на полицијата.

Коментирај